Пристигнаа дополнителни 12.870 дози вакцини „Фајзер“
07.06.2021 19:39
Филипче апелираше сите кои досега се немаат пријавено за вакцинација да го сторат тоа што поскоро на www.vakcinacija.mk...

Денеска пристигнаа дополнителни 12.870 дози вакцини од производителот „Фајзер“ обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), соопшти министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил.
Апелираше сите кои досега се немаат пријавено за вакцинација да го сторат тоа што поскоро на www.vakcinacija.mk.
Според официјалната веб страница за вакцинација, досега во земјава бројот на вакцинирани изнесува 245.413, а интерес за вакцинирање пројавиле 440.213 граѓани.
