Ракомет – Лига на шампиони

Одбрана за десетка, победа од +6!

23.03.2014 20:24

Во обидот барем да го повтори успехот од минатата сезона кога играше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Металург во првиот осминафинален натпревар пред седум илјади гледачи во „Арената Борис Трајковски“ го совлада Колдинг со 23:17.

Металург игра одбрана, игра фантастична одбрана и затоа во Данска ќе оди со +6. Победата што е повеќе од обична е остварена затоа што металурзите ги одработија сите елменти потребни за триумф против Колдинг.

Дефанзивата функционираше беспрекорно, Металург го сопре Колдинг со неговата главна карактеристика, одбраната 6-0. И кога беше без идеја, нападот имаше трпеливост, па Колдинг остана без посакуваните контранапди, од двата искористи само еден. Во идеалната колективност, некој мораше да се издвои, Вугринец веројатно го одигра најдоброто полувреме откако е дојден во Автокоманда, постигна осум или вкупно најмногу 13 голови. Станиќ имал мечеви и со повеќе од 14 одбрани, но денеска ги распореди во клучните моменти.

Добрата подготовка на натпреварот, мотивираноста и агресивноста дадоа брз резултат, па Металург во седмата минута имаше 4:1, во 15-та – 7:2, во 19-та – 9:3 и во 22-та највисоки седум позитива, 11:4. Поради високото темпо кризните минути беа неминовни, но само еднаш гостите направија вистинска серија од 5:1 и се доближија на минус три. Сепак, Металург го одржа мечот под контрола, со мал број голови и постојано се враќаше во победоносен ритам. Нервозната завршница којашто ја исценираа Данците не им дозволи на ракометарите на Металург да обезбедат и повисока предност иако имаа неколку напади и за осум разлика.

Одличната игра на Металург се отсликува и во статистиката на Колдинг. Легендарниот Хвидт собра сиромашни  четири одрбани, само една во првото полувреме, Спелеберг постигна еден погодок, најефискасен со четири беше пивотменот Лаен.

23:17, позитива од шест којашто и во кошарката може да биде и многу и доволно, но ракометот брезброј пати демонстрирал дека нема недостижна предност. Затоа за седум дена во Копенхаген без опуштење и еуфорија, мудро и со срце. Колдинг е претставник на земјата којашто на последните Европски и Светски првенства има едно злато и три сребра, но не е подобар од Металург.