Собранието ќе ја почне 43 седница
На оваа седница е и Предлог закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, во второ читање поднесен од Маја Морачанин, Моника Зајкова, Павле Трајанов.

Собранието денеска треба да ја започне 43-та седница на која на дневен ред се 55 точки, меѓу кои, нови именувања, закони по скратена постапка, во прво и во второ читање, две интерпелации, ратификации на договори и друго. Дел од точките на дневниот ред се очекува да бидат изгласани на комисиски седници.
На седницата на дневен ред се именување на претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, именување на заменик директор на Агенцијата за администрација, Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот – III читање, предлог законите за ратификација на Договорот на НАТО за соопштување на техничките информации во одбранбени цели, на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција во врска со формирање на Управувачки комитет за економска соработка.
На оваа седница е и Предлог закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, во второ читање поднесен од Маја Морачанин, Моника Зајкова, Павле Трајанов.
На дневен ред е и Информација за состојбата со Преспанското езеро,како и Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територија на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија.
