Хаг
Денес конечна пресуда за Ратко Младиќ
08.06.2021 09:39
Во ноември 2017 година, тој доби доживотна казна затвор во прв степен за прогон на Бошњаците и Хрватите, опсада на Сараево, земање членови на Меѓународната мировна мисија како заложници и геноцид во Сребреница во 1995 година.

По 533 дена судење и десет години зад решетки во Шевенинген, денеска конечна пресуда за случајот на командантот на Република Српска, Ратко Младиќ.
Во ноември 2017 година, тој доби доживотна казна затвор во прв степен за прогон на Бошњаците и Хрватите, опсада на Сараево, земање членови на Меѓународната мировна мисија како заложници и геноцид во Сребреница во 1995 година.
Од 11-те точки во обвинението, тој беше прогласен за виновен за десет.
