Европска унија
Германија бара укинување правото на вето
08.06.2021 10:13
Правилата на ЕУ предвидуваат одредени одлуки да бараат едногласна одлука на државите членки, кои имаат можност да го искористат ветото ...

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ја повика Европската унија да го укине правото на вето кое го имаат членките на унијата за ЕУ да не биде „заложник“ во своето дејствување.
Правилата на ЕУ предвидуваат одредени одлуки да бараат едногласна одлука на државите членки, кои имаат можност да го искористат ветото за да блокираат или одложат некоја одлука.
