САД: Ковид-19 протекол од лабораторија во Вухан?

08.06.2021 11:20

Според американските разузнавачки агенции, постојат две можни сценарија ...

Според извештај на САД за потеклото на Ковид-19, хипотезата дека новиот коронавирус протекол од кинеска лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на извори запознати со содржината на тајниот документ.

Според американските разузнавачки агенции, постојат две можни сценарија – дека вирусот се проширил по лабораториска несреќа или бил предизвикан од човечки контакт со заразено животно, но заклучоците се уште не се донесени.