Фудбалската репрезентација отпатува во Букурешт

08.06.2021 12:12

Предводени од селекторот Игор Ангеловски, а охрабрени од раководството на Фудбалската федерација на Македонија, нашите репрезентативци со позитивна мисла го направија првиот чекор кон деби настапот на големите турнири на УЕФА.

Македонската фудбалска репрезентација денеска отпатува за Букурешт, Романија каде што ќе ги игра воведните два натпревара од групната фаза на УЕФА ЕУРО 2020.

Предводени од селекторот Игор Ангеловски, а охрабрени од раководството на Фудбалската федерација на Македонија, нашите репрезентативци со позитивна мисла го направија првиот чекор кон деби настапот на големите турнири на УЕФА.  Кога тргна автобусот, беше исполнет и еден традиционален обичај - фрлија вода по нив за среќа.

Македонската репрезентација беше испратена и од премиерот Зоран Заев кој им посака среќа на Скопскиот аеродром пред полетувањето за Букурешт.

Македонија на ЕУРО 2020 ќе дебитира в недела, на 13-ти овој месец против Австрија. Натпреварот е од 18 часот со пренос на Македонската телевизија.