Успешно заврши спасувачката акција кај „Мавровка“
Преговорите траеја неколку часа, а спасувачите го убедија да се откаже од намерите. Покрај зградата беше поставен и душек за спасување.
По неколку часа убедување од спасувачката екипа, успешно заврши акцијата за спасување на мажот кој сакаше да скокне од зграда во близина на трговскиот центар „Мавровка“. На терен имаше екипи од полицијата, противпожарната единица и брзата помош.
Преговорите траеја неколку часа, а спасувачите го убедија да се откаже од намерите. Покрај зградата беше поставен и душек за спасување.
Лицето безбедно и без повреди е симнато од зградата и однесено во полициска станица за понатамошна постапка.
Како што претходно објави МВР, утрово во 08.10 часот од граѓанин беше пријавено дека на наведената локација има лице на покрив од зграда и дека сака да скокне.
