Свинското месо се откупува

24.03.2014 08:46

Домашното свинско се откупува по застојот од зголемениот увоз на замрзнатото месо. Месната индустрија вишокот го откупува по договорените цени со сточарите...

Домашните капацитети за месни преработки го откупуваат вишокот на свинско месо. Не продадени останаа скоро 3.000 свињи поради увезеното ефтино месо и велигденските постови.

До 15 април по договорот на сточарите и месната индустрија треба да откупи останатиот  вишок од 200 тони.

Цената од  65 денари за килограм сега е зголемена за уште 13.

Изминатите осум години фармерите го зголемуваат производството. Од 2006 година кога имало 170.000, лани биле 300.000 свињи.

Годишно во земјава се трошат 10.000 тони свинско месо. 8.000 тони смрзнато се обезбедува од увоз, а 2.000 е свежо месо.

Месната индустрија извезува преработки од скоро 40 милиони долари годишно.

 

Матодија Трајков