23 нови случаи со Ковид-19, починати четири лица
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451...

Во последните 24 часа се направени 2.853 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 9, Куманово и Прилеп – по 3, Струмица и Кичево – по 2, Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш - по 1.
Регистрирани се 32 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 4 починати лица: 3 лица од Скопје (76г,76г и 77г) и едно лице од Куманово (71г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451.
Досега во земјата се направени вкупно 818.746 тестирања на Ковид-19.
