ВМРО-ДПМНЕ започнува со блокади во Скопје и 10 градови
Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски вчера изјави дека во следниот период ќе има протести, поради како што рече, тајните преговори кои двоецот Заев – Бучковски ги водат со официјална Софија, а се однесуваат на иднината на Македонија...

ВМРО-ДПМНЕ почнува со протести и блокади во Скопје и во уште 10 градови. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски вчера изјави дека во следниот период ќе има протести, поради како што рече, тајните преговори кои двоецот Заев – Бучковски ги водат со официјална Софија, а се однесуваат на иднината на Македонија и евроинтегративниот процес на македонскиот народ, нација и држава во рамките на Европската унија.
Според најавите од партијата, блокадите ќе се одржуваат од 15 до 17 часот. Во Скопје во овој период ќе бидат блокирани раскрсниците кај „Нова Македонија“, „Мавровка“ и пред Собранието.
