Македонија

Започна гасификацијата на болницата во Струмица

08.06.2021 14:54

Започна гасификацијата на старумичката болница. Ставени темелите на котларата. Од следната грејна сезона гасот ќе биде единствениот енергенс. Струмичката болница до минатата година беше посочувана како најголем загадувач на амбиенталниот воздух...

Струмичката болница до минатата сезона беше посочувана како еден од најголемите загадувачи на амбеиенталниот воздух. Имаше денови кога мерните единици покажуваа присуство на ПМ 10 и до 700 микрограми. Со цел промена на ваквата слика општината доби 6 милиони денари за гасификација на болницата.

Покрај еколошките придобивки, болницата ќе добие и економски, а со тоа лесно ќе може да ги пренамерни средствата за доопремување на болничките капацитети.

Од ЈП Струмица гас велат дека најдоцна до два месеци изградбата на новата котлара во кругот на болницата ќе биде готова, а со тоа и можноста од оваа грејна сезона болницата да се топли на гас.

Струмица го користи увозниот компресиран гас, а околу 45 километри гасоводна мрежа веќе е поставена во градот. Од претпријатието најавуваат и поставување на гасоводна мрежа и до населените места околу градот.

 

Стојне Митева