Фудбалерите отпатуваа на европското првенство
Македонските рисови заминаа на европско. Граѓаните со нетрпение го очекуваат првиот настап на нашата фудбалска репрезентација на еден континентален собир...

Чаша вода за со лесно да е нашиот прв настап на европското првенство. Македонските фудбалски репрезентативци со стил тргнаа кон Романија за да испишат историја.
Македонија подготвена да навива. Од секое кафуле, ресторан или во двор со голем ТВ екран, со почитување на епидемиолошките мерки, граѓаните веќе прават планови каде ќе го следат настапот на нашите момци.
„Се надеваме достојно да не презентираат. Знаеме со какви сили имаме работа. Цела Македонија е со нив.“
„Сигурен сум дека ќе дадат се од себе.“
„Екипата е составена од врвни играчи, ќе покажат резултати“- велат граѓаните кои ги анкетиравме.
МТВ ќе го следи секој нивен чекор. Низ директни преноси, анализи, дебати, јавувања во живо, во наредниот фудбалски месец ќе ве водат новинарите од спортската редакција.
„Директни преноси со коментар од местото на настанот, од првите три натпревари во групната фаза, во Букурешт, а потоа и во Амстердам. Тоа ќе биде јаготката на шлагот во првите десетина дена од шампионатот. Вкупно 51 натпревар, од првиот до последниот, во живо на каналите на МРТ. Едно бурно лето пропратено со студиски анализи, разговори со еминентни гости, стручњаци кои ќе гостуваат во студиото на МРТ“, вели Драган Николовски, уредник на спортската редакција.
Угостителите подготвени да ги пречекаат навивачите.
„Ќе ги пренесуваме натпреварите на телевизија, се надеваме на многу гости и очекуваме пиво да се пие... и да славиме“, вели вработен во угостителски објект.
Нашите фудбалери пристигнаа во Букурешт и веднаш го развиорија македонското знаме.
Првиот натпревар македонските фудбалери ќе го одиграат на 13-ти јуни против селекцијата на Австрија. За четири дена подоцна е закажан и натпреварот со Украина.
Викторија Милевска
