Ковид-19

Даниловски е оптимист - Индискиот сој нема да предизвика нарушување епиемиолошката состојба

08.06.2021 16:09

Варијантата „Делта“, популарно наречена Индиски сој на коронавирусот се смета за најпренослива досега поради што ја зголемува загриженоста во светот, иако официјално ниту СЗО, ниту реномираниот американски центар не го потврдиле тоа, вели епидемиологот Даниловски...

Варијантата „Делта“, популарно наречена Индиски сој на коронавирусот се смета за најпренослива досега поради што ја зголемува загриженоста во светот, иако официјално ниту СЗО, ниту реномираниот американски центар не го потврдиле тоа, вели епидемиологот Даниловски. Доколку се земе предвид тврдењето на лондонскиот епидемиолог Фергусон дека таа е 60 проценти попренослива, се доведува во прашање дали вакцините против Ковид- 19 кои се во оптег може целосно да ги заштитат луѓето од овој мутант, додава докторот.

Даниловски е оптимист дека појавата на Индискиот сој нема да предизвика нарушување на епидемиолошката состојба кај нас. Условите за ширење на респираторни вируси не се поволни, сите дружби се одвиваат на отворено, а наесен не се очекува поголем бран. Сепак, Даниловски предупредува- уште помасовно вакцинирањеза да ја дочекаме есента со колективен имунитет преку 80 посто.

Индискиот сој за првпат беше откриен во Индија во декември 2020 година, а се прошири веќе во 62 земји вклучувајќи ги САД, Австралија, а стигна и на Балканот и со еден случај досега и кај нас.

 

Фиљана Кока