Од 1-ви октомври недела ќе биде неработен ден
Работниците кои нема да одмораат ќе добијат за 50 проценти зголемена дневница и слободен ден во текот на неделата. За непочитување на законот предвидени се казни.

Од 1-ви октомври недела ќе стане неработен ден, одлучи Владата. Ќе омораат сите, освен оние работници од дејности каде процесот не може да биде прекинат. Работниците кои нема да одмораат ќе добијат за 50 проценти зголемена дневница и слободен ден во текот на неделата. За непочитување на законот предвидени се казни.
Продавници за пијалоци и тутун, киосците во трговските центри ќе можат да работат само една смена од 10 до 18 часот. Ќе смеат да работат и за време на спортски натрпевари, саеми, фестивали, филмски прекции.
Надлежните сметаат дека неделата како ден за одмор ќе направи рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот, но ќе придонесе и за поефикасни и помотивирани работници.
Наташа Јанчиќ Менковски
