Влада

Стокмен ребалансот на буџетот

08.06.2021 16:24

Проекцијата за раст останува 4,1 процент, повисока приходна и расходна страна на државната каса. Владата го стокми ребалансот на буџетот. Премиерот Заев образложи- ќе ја стимулираме економијата и ќе ја обезбедиме социјалната сигурност на граѓаните...

Владата го усвои ребалансот на буџетот. Премиерот појасни дека целта е да продолжи развојот на економијата, бидејќи со прекројувањето, значително се зголемени капиталните инвестиции за 21,3 проценти – ќе се вложува во енергетика, гасификација, инфраструктура, здравство, туризмот. Владината проекција за растот на БДП останува 4,1 проценти, и покрај тоа што во првиот квартал имавме пад од 1,9.

Премиерот Заев вели- ова е продуктивен ребаланс за зачувување на работните места и на ликвидност на стопанството. Зголемени се и приходите и расходите, а дефицитот е повисок за 185 милиони евра или 6,5% од БДП.

Од Владата велат дека остануваат приоритетите- справување со пандемијата, директна помош за компаниите, развојни фондови за поддршка на малите компании. Адинистративците ќе добијат и К-15. Фискалниот стимул мора да продолжи до целосно заздравување на економијата, посочи првиот финансиер Бесими.

 

Дијана Ценевска