Османи ќе учествува на веб конференција со Стопанска комора на Истанбул

09.06.2021 09:36

Целта на конференцијата е зближување на стопанските субјекти од двете земји и промоција на можностите и условите за инвестирање во земјава...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе учествува на веб конференција со Стопанската комора на Истанбул, на тема „Трговски и инвестициски можности со Република Северна Македонија“.

Целта на конференцијата е зближување на стопанските субјекти од двете земји и промоција на можностите и условите за инвестирање во Република Северна Македонија пред турските компании- соопштуваат од МНР.