САД ги става на црна листа сите кои работат против Преспанскиот и Охридскиот договор
Претседателот Џо Бајден потпиша декрет со кој им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на штета на клучните договори во регионот на Западниот Балкан и Северна Македонија...

Секое лице кое директно или индиректно го спречува или е закана за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор или за Преспанскиот договор, ќе се најде на црната листа на САД.
Претседателот Џо Бајден потпиша декрет со кој им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на штета на клучните договори во регионот на Западниот Балкан и Северна Македонија.
На црната листа може да се најде секој кој директно или индиректно ги нарушува мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на земјите од Западниот Балкан.
На листата нема имиња на ниту еден регионален политичар.
