Грција и шест земји- членки на ЕУ воведуваат систем за потврди за патување
09.06.2021 10:01
Програмата за сертификати ќе стапи на сила низ целата унија на 1-ви јули. Сертификатите денес ги воведуваат Грција, Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Хрватска и Полска, објави Европската комисија.

Грција и уште шест земји-членки на Европската унија денес воведуваат систем за потврди за патување „Ковид-19“.
Програмата за сертификати ќе стапи на сила низ целата унија на 1-ви јули. Сертификатите денес ги воведуваат Грција, Бугарија, Чешка, Данска, Германија, Хрватска и Полска, објави Европската комисија.
Грција воведува универзално признат сертификат кој ќе користи QR-код. Сертификатот ќе биде достапен за луѓе кои биле целосно вакцинирани против коронавирусот, имале негативен тест или поминале Ковид-19.
