Драмски театар ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на Конески
09.06.2021 10:06
Повод е одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески, соопшти ДТС.

Драмски театар Скопје в сабота, 12 јуни, од 20 часот ќе одржи омаж насловен „Драмски за Конески“.
Повод е одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески, соопшти ДТС.
Учесници во овој проект се првенците на Драмски: Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов Дац, Маја Вељковиќ-Пановска, Игор Ангелов, Лилјана Вељанова, Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Зоран Љутков и Дамјан Цветановски.
