Воздушен напад во близина на Дамаск, најмалку осум лица загинати

09.06.2021 11:07

Државната новинска агенција Сана соопшти дека израелски напади доаѓале од воздушниот простор над соседен Либан, а цел биле воени позиции и складишта за оружје.

Најмалку осуммина загинати во синоќешниот воздушен напад во близина на Дамаск и во централната провинција Хомс во Сирија.

Државната новинска агенција Сана соопшти дека израелски напади доаѓале од воздушниот простор над соседен Либан, а цел биле воени позиции и складишта за оружје.

Пријавените напади се први по примирјето од минатомесечниот конфликт меѓу Израел и милитантите на Хамас во Појасот Газа.