Светска банка: 3,6% раст на македонската економија годинава

09.06.2021 11:37

За земјите од регионот проектирано е Албанија годинава да има раст на БДП од 4,4 отсто, Босна и Херцеговина 2,8 отсто, Косово 4 отсто, Црна Гора 7,1 отсто и Србија 5 отсто.

Раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто, следната година 3,5 проценти, а во 2023-та раст од 3,4 отсто предвидува Светска банка во последниот извештај.

За земјите од регионот проектирано е Албанија годинава да има раст на БДП од 4,4 отсто, Босна и Херцеговина 2,8 отсто, Косово 4 отсто, Црна Гора 7,1 отсто и Србија 5 отсто.

Банката во јунскиот извештај „Глобални економски перспективи“ предвидува дека економијата во светски рамки ќе забелижи раст во 2021 година за 5,6 отсто, што претставува најбрзорастечко темпо по период на рецесија во последните 80 години, главно благодарените на подобрувањето на перформансите на неколку големи економии.

Сепак, многу економии во развој и натаму ќе се борат со пандемијата на Ковид-19 и нејзините последици, оценува Светската банка.