Надежта дека ќе се најде малезискиот Боинг е се помала?!

24.03.2014 09:16

Според последните информации забележани се два бели предмета во југоисточниот дел на Индискиот Океан, но се уште никој не потврдил дали се делови од исчезнатото летало...

Продолжува потрагата по малезискиот Боинг. Надежта дека ќе се најде е се помала, а шпекулациите се се поголеми.

Според последните информации забележани се два бели предмета во југоисточниот дел на Индискиот Океан, но се уште никој не потврдил дали се делови од исчезнатото летало.

Кинескиот мразокршач по добиените координати ја пребарува областа. Австралискиот премиер Тони Абот изјави дека се зголемува надежта за напредок во потрагата.

Авионот кој леташе од Куала Лумпур кон Пекинг изчезна на 8-ми март со 239 патници и членови на екипажот.