Пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ - донација од Турција
Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција- соопшти министерот Филипче...

Пристигнаа 30 илјади кинески вакцини од производителот „Синовак“, донација од Турција- објави министерот Филипче.
„Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред сѐ, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата“, напиша Филипче на Фејсбук.
На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани.
