28 нови случаи со Ковид-19, починати пет лица

09.06.2021 14:44

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.

Во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 16, Куманово – 9, Тетово – 2, Прилеп - 1. Регистрирани се 23 оздравени пациент од: Скопје – 15, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Кочани – по 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица:  3 лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19.