Заев: Декретот на Бајден- потврда за вредностите за кои се залага владата
Декретот на американскиот претседател е ветер во грб, потврда за вредностите за кои се залага владата- оцени премиерот Заев. ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во подготовката на Преспанскиот договор ниту во неговата имплементација, истиот е спротивен на македонските национални интереси, изјави милошоски поранешен шеф на дипломатијата...

Власта и опозицијата со свои ставови за декретот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан преку кој со санкции е опфатена и земјава доколку не се почитуваат Охридскиот и Преспанскиот договор.
Според премиерот Заев документот претставува ветер во грб бидејќи содржел сѐ за што неговата влада се залага. Бајден, вели Заев, испрати охрабрувачка и мотивирачка порака кон сите што се борат против криминалот и корупцијата.
За ВМРО- ДПМНЕ извршните наредби на шефот на Белата куќа не се ништо ново. На неговата листа имало имиња кои сега се коалициски партнери во власта, коментира Антонијо Милошоски. ВМРО– ДПМНЕ не учествуваше во подготовката на Преспанскиот договор, легалисти сме и единствено на тој начин ќе го почитуваме, како однос кон овој договор- нагласи поранешниот шеф на дипломатијата.
Текстот од администрацијата на Бајден не се однесува на македонскиот договорот за пријателство со Бугарија, најверојатно поради билатералниот карактер на документот.
Миле Ристески
