Металург и Барселона најубедливи, Вардар нерешено со европскиот првак
Викендов во фокусот на вниманието беа настапите на македонските претставници во осмунафиналето од Лигата на шампионите, во историската сезона за македонскиот ракомет, во која главниот град Скопје е единствен со два свои претставника во Топ 16 фазата. Во неа Металург оствари убедлива победа над данскиот Колдинг од 23:16, која му дава реални шанси за прогрес меѓу 8 најдобри на континентот, што би било повторување на минатогодишниот успех.

Викендов во фокусот на вниманието беа настапите на македонските претставници во осмунафиналето од Лигата на шампионите, во историската сезона за македонскиот ракомет, во која главниот град Скопје е единствен со два свои претставника во Топ 16 фазата. Во неа Металург оствари убедлива победа над данскиот Колдинг од 23:16, која му дава реални шанси за прогрес меѓу 8 најдобри на континентот, што би било повторување на минатогодишниот успех. Вардар во своето деби во осминафиналето имаше огнено крштевање против бранителот на трофејот Хамбург, и го положи испитот. Иако не создадоа предност пред реваншот “црвено црните“ демонстрираа голема борбеност и беа сосема рамноправни на гигантот, против кого успеаја да ја надоместат негативата од 6 разлика од првиот дел, и минус три во самиот финиш.
Од другите пресметки, најкомотно делува Барселона на Кире Лазаров по победата на гости со Алборг од 29:22. Сигурна предност оствари и Кил на гости против Мотор Запорожје со 31:28. Екипата на Тарги Кјелце има 4 гола предност во однос на Рајн Некар, по победата од 32:28, а Горење има двојно помалку во однос на ПСЖ, по победата со 30:28. Во преостанатите три меча домашните славеа минимални победи, по кои ќе им биде многу тешко во возвратните натпревари. Во најефикасниот, Висла Плок го совлада Веспрем со 34:33, а Пивоварна Цеље Флензбург со 26:25.
Реванш натпреварите се играат следниот викенд, во кој македонските репрезенти ќе гостуваат на 30 март, Металург во Колдинг, а Вардар кај европскиот шампион Хамбург.
