Економија

Организација на работодавачи: Недела- неработен ден е добaр компримис

09.06.2021 16:10

Добар компромис постигнат преку заеднички дијалог е законското решение недела да биде неработен ден, велат од Организацијата на работодавачите, со апел да се зголеми социјалниот дијалог за бенефит да имаат и работниците, но и економијата...

Недела- неработен ден е добaр компримис постигнат со дијалог на социјалните партнери, оценува Организацијата на работодавачи. Според досегашниот претседатал Димитров, не смее државата да дозволи македонските граѓани да одат во други земји и да трошат девизи, а нашите трговски центри да бидат затворени.

Не инициравме вакво законско ршение, баравме недела да биде вистински неработен ден, во ваква форма не нуди заштита на работниците, велат од здружението Гласен тестилец. Најавуваат дека ќе го оспорат.

Решенијата и мерките кои дале резултати во справувањето со ковид- кризата се носеле во договор со засегнатите компании, исто како и законското решение недела- неработен ден, велат од Владата.

Со низа мерки успешно го амортизиравме ударот од ковид кризата, македонската економија е ликвидна и стабилна- тврди премиерот Заев.

Најави поголем фокус на привлекувањето странски инвестиции и поголема поддршка за домашните компании. Очекува зголемен раст на БДП, помала навработеност и поголем извоз.

 

Викторија Милевска