Велес

По 58-ми пат ќе се одржат Рациновите средби

09.06.2021 16:42

Милан Стефановски е добитник на годинешното рациново признание за неговата книга „Теорија за кучешката година“. Рациновите средби ќе се одржат викендов во Велес по 58-ми пат...

Викендот пред нас, Велес ќе биде домаќин на 58-то издание на Рациновите средби. Три дена ќе се чествуваа делото на Рацин со повеќе содржини, меѓу нив и меѓународниот поетски митинг со учество на поети од повеќе земји, со меѓународен научен симпозиум на тема „Рацин и Конески“. Ќе биде врачена и наградата за Рациновото признание за 2021 година, на Милован Стефановски за неговото дело „Теорија за кучешката година“.

Одлуката за Рациновото признание беше на жирито во состав Христо Петрески, Стефан Марковски и Делвина Крлуку. Годинава е доделена во конкуренција на 27 дела, што досега не е забележана бројка, на пријавени во историјата на Рациновите средби.

Почесното Рациново признание го доби Ала Генедјева Шешкен од Русија, професор на универзитетот Ломоносов во Москва, за нејзината афирмацијата на македонска литература и култура во светот. Таа е надворешен член на МАНУ.

 

Петар Печков