Наскоро одлука како ќе се спроведува идната учебна година
Министерката Царовска најави, во следниот период во координација со надлежните епидемиолошки институции ќе се носи одлуката дали почетокот на идната учебна година ќе биде со физичко присуство на учениците. Царовска не коментираше евентуален успешен референдум против реформите во образованието...

Инвестициите што сега ги правиме во образованието и можностите за зајакнување на буџетите на основните училишта, дава за можност да се усогласат потребите коишто ги имаат наставниците и учениците преку инфраструктурните инвестициски зафати, вели министерката Царовска. Колку тие ќе се почуствуваат во следната учебна година со физичко присуство на наставата, вели, ќе се знае набргу.
За тоа колку евентуалниот успешен референдум и бојкот на наставата може да биде пречка или да биди игнориран, Царовска вели- коментирање на демократски процеси во државата се неумесни од страна на еден министер. Моја обврска е да одговорам до каде се започнатите реформи.
За гласините дека во некои училишта се бараат пари за сведителство, ресорната министерка вели- од Министерството е испратен јасен допис до сите училишта дека сведителствата се бесплатни.
Стевче Митревски
