Политика

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести

09.06.2021 17:15

Од протестите порачаа дека мора да биде јавно објавен документот со кој се преговара со владата во Софија...

ВМРО-ДПМНЕ втор ден одржува протести и ги блокира клучните раскрсници во Скопје, а блокира и во уште други девет градови низ земјава. Од протестите порачаа дека мора да биде јавно објавен документот со кој се преговара со владата во Софија.

Оттаму порачаа дека протестот  што го организира ВМРО-ДПМНЕ има една причина, во нетранспарентноста на власта и тајните преговори кои што двоецот Заев- Бучковски ги води со официјална Софија за сметка на интересите на Република Македонија.

Партнери од коалицијата „За подобра Македонија“ и дел од опозицијата посочија  дека  очигледно е дека Заев лажел, Договорот со Бугарија не решил проблеми, туку создава нови проблеми и сега се бараат од земјава нови отстапки, и затоа сметаме дека не треба да се крие од јавноста што се преговара, туку да им соопшти на медиумите и на граѓаните кои се анексите кои Софија инсистира да бидат дел од преговарачката рамка.

Од опозицијата велат дека продолжуваат со блокадите сѐ додека министерот за надворешни работи Бујар Османи не го обелодени патоказот, писмените гаранции или пак детали за елементите во преговарачката рамка на кои инсистира официјална Софија.

Игор Панов