РКЕ

Почна постапката за одземање на лиценци за мазут

09.06.2021 17:32

Почна постапката за одземање лиценци на компании кои го снабдувале домашниот пазар со неквалитетен мазут. Следува контрола и на други фирми кои се занимаваат со увозот и дистрибуцијата на високопрофитабилниот акцизен производ...

Регулаторната комисија за енергетика ја почна постапката за одземање на лиценците на четири компании поради непочитување на законските прописи кои ги констатирал  Државниот пазарен инспекторат, по направените вонредни контроли. Операторите не поседувале петдневни резерви за потрошувачката во 2020-та, кои биле задолжителни.

Министерот за економија Бектеши информираше дека кај дел од компаниите увознички на мазут и нафтени деривати, неправилно бил деклариран мазут, имало отстапувања во параметрите поради поголем процент на вода. Четири компании добиле решенија за забрана за работа, а било побарано и одземање на лиценците. Документацијата е  доставена до Обвинителствотоза утврдување кривична одговорност.

На седум компании им биле изречени прекршочни казни од над 55 илјади евра. Бектеши вели дека наскоро се очекуваат и резултатите од направените испитувања на квалитетот на горивата на бензинските пумпи.

 

Дијана Ценевска