МРТ ексклузивно во Музејот за криминал и казни во Вашингтон
Македонската телевизија посети една од туристичките атракции во Вашингтон-Музејот за криминал и казни, каде има симулации за полициска обука од процесирање на местото на злосторот до гонење на криминалци со полициско возило до учество во 3Д симулација на полициска акција...

Како се откриваат криминалците во Америка? Преку лабораторијата за анализа на докази од местото на криминалното дело, каде се анализираат отпечатоци, ДНК од можните сторители. Сето ова може да се види во Музејот за криминал и казни во Вашингтон. Тука се претставени сите криминалци од Дивиот Запад, до автомобилот што припаѓал на Бони и Клајн, фотографии од Ал Капоне, Багс Багзи и останати американски мафијаши. Секако тука се и најпознатите затвори како Алкатраз. Посетителите можат да видат како се зема оттисок од осомничен за некое криминално дело, како се спроведува постапка на препознавање, или да се пробате во отворање на сеф во банка, возење на полициско возило и пукање со глок, најстандарниот пиштол со кој се вооружени американските полицајци.
„Музејот за криминал и казни е отворен во Вашингтон од 2008-та. Ја покриваме историјата на криминалот и последиците од криминалните дела. Историјата на криминалот датира од пиратите, Дивиот Запад, Бони и Клајн, мафијашите, американските сериски убијци, како и затворскиот систем и историјата на полициските служби“, изјави Рејчел Первју, Директор на Музејот за криминал и казни.
Музејот е место каде има изложби на американските полициски агенции, како Силите за имиграција и царина.
„Силите за имиграција и царина се многу млада агенција, основана во 2003-та по трагичните настани од 11 септември 2001-ва. Овој музеј ќе ги отвори очите на јавноста за тоа кои навистина сме ние и што е напата работа. Многупати јавноста мисли дека се фокусираме на имиграцијата, но впрочем работиме многу повеќе“, вели Барбара Гонзалес, од Американски сили за имиграција и царина.
Музејот има катче посветен на сите загинати полицајци на должност, како и продавница во која може да се купат сувенири од ФБИ и други полициски сили во Америка.
Посетителите на Музејот за криминал и казни ќе можат да бидет Шериф кој апси криминалци на Дивиот Запад.
Ирина Гелевска, постојан дописник за МРТ од Вашингтон
