Заев во посета на Тирана, ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан
Премиерот ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан. Со Самитот ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово- Албин Курти, на Србија- Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина- Зоран Тегелтија...

Премиерот Заев денеска ќе оствари еднодневна работна посета на Република Албанија, соопшти владината прес- служба. Заев ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан. Со Самитот ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово- Албин Курти, на Србија- Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина- Зоран Тегелтија.
Премиерот Заев заедно со премиерот Рама на маргините на Самитот ќе го потпишат и Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија. Заев попладнето и свечено ќе го отвори Културниот центар на земјава во Тирана.
