Продолжен рокот за попис на пчелните семејства
До 15-ти јуни е продолжен рокот за попис на пчелните семејства. Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира пчеларите дека бројната состојба можат да ја пријават во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор. Поместувањето на датумот за завршување на пописните активности во оваа дејност е по барање на самите одгледувачите на пчели...

Агенцијата за храна и ветеринарство го продолжи рокот за попис на презимени пчелни семејства. Продолжувањето е на барање на одгледувачите на пчели.
Со дополнувањето на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, пчеларите кои досега не ја спровеле оваа активност, тоа ќе можат да го сторат до 15- ти јуни и бројната состојба да ја пријават до ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.
Евидентирањето на бројната состојба на презимени пчелни смејства, е услов за аплицирање на одгледувачите на пчели за добивање на земјоделски субвенции.
Наместо со 35, од оваа година, пчеларите кои одгледуваат најмалку 10 пчелни семејства ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка.
Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство или 800 за оние земјоделски стопанства кои имаат најмалку 50, а најмногу 100 кошници. Задолжителното оддржување на овој број треба да биде до 31-ви октомври 2021-ва година.
Методија Трајков
