Регион
Албанија: Разрешен претседателот Илир Мета
10.06.2021 09:35
Во образложението стои дека извршил сериозни прекршувања на уставот. Претходно пратениците го изгласаа и извештајот на анкетната комисија за прекршување на уставните надлежности од страна на Мета.

Албанскиот парламент го разреши претседателот на државата Илир Мета со 104 гласа „за“, седум против и три воздржани.
Во образложението стои дека извршил сериозни прекршувања на уставот. Претходно пратениците го изгласаа и извештајот на анкетната комисија за прекршување на уставните надлежности од страна на Мета.
Одлуката на парламентот сега оди во Уставниот суд, кој треба да се изјасни во рок од три месеци.
Ова е прв ваков случај во три децении плурализам во земјата.
