Почнува распустот за учениците
Министерството за образование со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата од септември, што ќе зависи од состојбата со коронавирусот во земјава.

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната година која почна еден месец подоцна со намален број наставни денови.
Во двете полугодија образовниот процес беше организиран по комбиниран модел – мнозинството ученици следеа настава онлајн, а на часови со физичко присуство беа најмалите до трето одделение.
Министерството за образование со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата од септември, што ќе зависи од состојбата со коронавирусот во земјава.
За учениците кои завршуваат основно образование, од понеделник (14-ти јуни) претстои пријавување за упис во средните училишта во кои има 30.053 слободни места во 109 средни училишта.
Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен. Првиот, задолжителен испит по мајчин јазик го полагаа во саботата.
