Се намалува бројот на заразени со Ковид-19
Според Министерството за здравство, на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 125 пациенти и има околу 500 празни болнички кревети во ковид- центрите. Дел од болниците ги затвораат капацитетите наменети за ковид пациенти.

Бројот на новозаболени од Ковид-19 се намалува, а вакцинацијата се одвива непречено. Во текот на вчерашниот ден од направени вкупно 2.619 тестирања регистрирани се 28 нови случаи на заболени од Ковид-19. Пет лица починаа, оздравеле 23 пациенти, а активни се 451 случај.
Според Министерството за здравство, на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 125 пациенти и има околу 500 празни болнички кревети во ковид- центрите. Дел од болниците ги затвораат капацитетите наменети за ковид пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.469. Бројката на оздравени пациенти е 149.551, а починаа 5.467 лица.
Во текот на вчерашниот ден пристигнаа 30.000 вакцини „Синовак“, како донација од Турција.
