Радев: Бугарија ја поддржува европската интеграција на Македонија

10.06.2021 09:49

Бугарија очекува одржливи резултати во процесот на градење добрососедски односи, како и директен и отворен дијалог меѓу двете најблиски земји на Балканот, за да се постигне вистински напредок- рекол Радев.

Бугарија принципиелно и доследно ја поддржува европската интеграција на Македонија- во видеоконференциски разговор со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев.

Бугарија очекува одржливи резултати во процесот на градење добрососедски односи, како и директен и отворен дијалог меѓу двете најблиски земји на Балканот, за да се постигне вистински напредок- рекол Радев.

Двајцата соговорници се осврнале на мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, како и за теми кои се на дневен ред на Европската унија, со фокус на политиката на проширување.