Германија ќе ја контролира пандемијата со вакцини
И покрај јасните индикации дека вирусот станува се поконтролиран, сепак постои опасност поради луѓето што не успеваат да ја земат втората доза или веруваат дека вакцините повеќе не се потребни.

Пандемијата со Ковид-19 веројатно ќе стане епидемија до есен или зима, и може да се очекува да се повторува секоја година, но и да се контролира со вакцини, сметаат некои германски вирусолози.
Се верува оти бројот на заболени ќе се зголеми по летото, но и дека болеста ќе може да се контролира.
И покрај јасните индикации дека вирусот станува се поконтролиран, сепак постои опасност поради луѓето што не успеваат да ја земат втората доза или веруваат дека вакцините повеќе не се потребни.
Во Пакистан, пак, вакцинацијата против Ковид-19 е задолжителна за вработените во државниот и приватниот сектор.
