Регион

Генерален штрајк во Грција

10.06.2021 11:02

Причина за штрајкот е новиот закон за работни односи, за кој синдикатите сметаат дека го укинува осумчасовното работно време.

Синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор во Грција, почнаа 24-часовен генерален штрајк, кој ќе доведе проблеми во бродскиот и железничкиот сообраќај во Грција, во јавниот превоз во Атина, но и во информирањето на граѓаните.

Причина за штрајкот е новиот закон за работни односи, за кој синдикатите сметаат дека го укинува осумчасовното работно време.

Бродовите се закотвени на пристаништата, возовите на железничките станици, а во Атина функционираат само автобусите.