Реципрочна мерка

Русија протера дипломат од македонската амбасада во Москва

10.06.2021 12:08

Официјална Москва прогласи за „персона нон грата“ дипломат од македонската амбасада во Русија, како реципрочна мерка за неодамнешното протерување на руски дипломат од земјава...

Официјална Москва прогласи за „персона нон грата“ дипломат од македонската амбасада во Русија, како реципрочна мерка за неодамнешното протерување на руски дипломат од земјава.

„На 10-ти јуни, в.д. амбасадор на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота од Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата“- соопшти Руската амбасада преку нејзиниот официјален Фејсбук профил.

Оваа мерка е одговор на сосема немотивирана одлука на македонската страна за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за „персона нон грата“, која беше донесена во мај оваа година- пишува во соопштението.