Русија: Организациите поврзани со Навални се екстремистички

10.06.2021 12:55

Судот наведува дека тие организации доброволно ширеле информации што поттикнуваат омраза и непријателство кон владините службеници, а извршиле и екстремистички злосторства. Навални пак, на своите приврзаници им порача дека ќе се снајдат, дека ќе се развиваат и ќе се адаптираат, но, нема да отстапат од нивните цели и идеи.

Руското судство ги означи како „екстремистички“ организациите на опозицискиот Алексеј Навални. Мерката овозможува нивна ликвидација и засилена репресија врз неговите приврзаници пред парламентарните избори закажани за септември.

Судот наведува дека тие организации доброволно ширеле информации што поттикнуваат омраза и непријателство кон владините службеници, а извршиле и екстремистички злосторства. Навални пак, на своите приврзаници им порача дека ќе се снајдат, дека ќе се развиваат и ќе се адаптираат, но, нема да отстапат од нивните цели и идеи.

Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години. Уапсен беше 17 јануари по враќањето во Русија од Германија, каде што со месеци се опоравуваше од труење со нервен отров.