МНР: Одлуката на Русија е политичка освета

10.06.2021 13:07

„Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји“, соопштуваат од МНР.

Министерството за надворешни работи се огласи по одлуката на Москва да протера македонски дипломат и оцени дека станува збор за политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета.

„Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји“, соопштуваат од МНР.

Министерството информираше дека денес вршителот на работите во Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска- Димовска е повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација при што ѝ била врачена Нота за прогласување 'нон грата' на наш дипломат - аташе од Амбасада на Република Северна Македонија во Москва.