Европски парламент

Резолуција за укинување на патентите на вакцините

10.06.2021 13:34

ЕУ смета дека доброволните лиценци и трансферот на знаење и технологија во земјите со капацитети за производство на вакцини се патот кој води напред за зајакнување и забрзување на глобалното производство на долг рок.

Европскиот парламентот повика на привремено укинување на правата на интелектуална сопственост на вакцините против Ковид-19. Целта е забрзување на распоредувањето на глобално ниво и подобрување на пристапот до имунизација.

Мора да се осигураме светот да се вакцинира што е можно побрзо. Европската унија е на чекор до обезбедување глобален рамноправен пристап до вакцините, особено за земјите во развој. Г7 како целина, се голем производител на вакцини во светот. Досега извезовме повеќе од 270 милиони дози“, изјави Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

ЕУ смета дека доброволните лиценци и трансферот на знаење и технологија во земјите со капацитети за производство на вакцини се патот кој води напред за зајакнување и забрзување на глобалното производство на долг рок.

Знаеме дека Кина и Русија се посебни извори на загриженост во таа област, токму затоа Г7 се обединети и решени да ги заштитиме и промовираме нашите вредности. Целта на Г7 е да се стави крај на пандемијата до 2022 година, со тоа што ќе ја засилиме глобалната вакцинација“, рече Урсула Фон дер Лејенпретседател на Европската комисија.

Во меѓувреме, американскиот главен епидемиолог, Фаучи упати апел до Кина да пружи увид во информациите за шесттемина рудари кои се разболеле уште во 2012 година во рудник на југозападот од Кина. САД претходно објавија дека е можно сценариото вирусот да избегал од лабораторија во Вухан. Кина, пак, бара Вашингтон да престане со политичките манипулации.

Ги повикуваме САД да преземат одговорност и да и ја остават студијата за потеклото на науката. Се надеваме дека релевантните страни ќе го отфрлат секој потег што ја политизира студијата за потеклото и ќе придонесе за глобален одговор преку конкретни активности“, изјави Ванг Венбинпортпарол на кинеското МНР.

Кина смета дека политизирањето на ова прашање ќе ги поткопа минатите истражувања и меѓународната соработка за борба против пандемијата.

 

Марина Ристова