Матурантите ќе го полагаат вториот екстерен испит
По полагањето на екстерните, матурантите до крајот на месецов ќе ги полагаат и двата интерни испита. Резултатите од тестовите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од вториот екстерен испит.

Денеска учениците што завршија средно образование го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Математика и странски јазик се избор за учениците од гимназиското и од стручното образование, додека за учениците во училиштата од уметностите, странски јазик е во алтернација со филозофија и со естетика.
По полагањето на екстерните, матурантите до крајот на месецов ќе ги полагаат и двата интерни испита. Резултатите од тестовите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од вториот екстерен испит.
Поради пандемијата, државната матура се полага според утврден здравствен протокол. Во училница може да бидат најмногу 15 ученици, а вклучени се околу 2.000 тестатори и околу 300 набљудувачи, кои се вакцинирани.
