Успешно извршена уште една трансплантација на срце
Стотина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем, објави министерот за здравство Филипче на својот Фејсбук профил.

На државната кардиохирургија четврта успешна трансплатација на срце. Уште еден пациент доби нова шанса за живот. По предходна согласност од семејството, срцето и бубрезите се донирани од 44-годишен починат донор.
Стотина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем, објави министерот за здравство Филипче на својот Фејсбук профил.
Тројца пациенти ноќеска се подготвуваа за трансплантација на органиите – срцето и бубрезите од донорот. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите почна по полноќ, а потоа и експлантација на коскени ткива.
Целата постапка ја водеа болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство.
Првата трансплантација беше направена во мај лани, а годинава имаше уште две, од починати донори.
