Македонија- Бугарија

Продолжува средбата на историчарите од мешовитата комисија

11.06.2021 10:55

Учебниците за основно образование и заедничките чествувања, теми за кои македонските и бугарските историчари ќе се обидат да најдат договор. Засега детали не се откриваат.

Втор ден од новиот заеднички состанок на Македонско- бугарската мешовита комисија што се одржува онлајн.

Учебниците за основно образование и заедничките чествувања, теми за кои македонските и бугарските историчари ќе се обидат да најдат договор. Засега детали не се откриваат.

На маса и средновековието, Цар Самоил и револуционерот Гоце Делчев. За Софија, напредокот во работата на Македонско- бугарската комисија е нужен услов за отстранување на ветото и старт на преговорите за членство во ЕУ.