Пронајдена дрога во Струга и Тетово, приведени три лица

11.06.2021 11:04

И во двата случаи лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 22.30 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р.(26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга. При преглед во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин.

Полициски службеници од Тетово пак, вчера во 21.40 часот на ул.„Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово, лишиле од слобода 17-годишник од с.Требош, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

И во двата случаи лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.