Самит на групата седум најразвиени земји
Самитот на Г7 ќе трае до 13-ти јуни. На 14-ти во Брисел, пак, Самит на НАТО. Сепак, очите вперени во средба меѓу американскиот и рускиот претседател на 16-ти месецов во Женева.

Во Велика Британија самит на групата седум најразвиени земји. Главни теми пандемијата и климатските промени. Ќе присуствува и американскиот претседател Бајден, кој е во посета на Велика Британија.
Самитот на Г7 ќе трае до 13-ти јуни. На 14-ти во Брисел, пак, Самит на НАТО. Сепак, очите вперени во средба меѓу американскиот и рускиот претседател на 16-ти месецов во Женева.
Британскиот премиер џонсон очекува групата Г7 да донира милијарда дози вакцини против Ковид-19 на посиромашните земји за време на самитот. Веќе ги повика лидерите на Г7 да се посветат на вакцинирање на целиот свет до крајот на 2022-та година.
Задачата на американскиот претседател, пак, покрај средбите со европските лидери, е и тешката дипломатска мисија да ја поврати централноста на Европа во новата агенда на американската надворешна политика.
Со учество на Г7 самитот во Корнвол, Бајден ќе се обиде да ја валоризира улогата на најголемите демократии во насока на економско заздравување базирано на одржливост, во соочување со климатските промени, во борбата со пандемиите и околу оданочување на мултинационалните компании.
